Министрите на ЕУ ќе расправаат за кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус за ЕУ
Според европскиот портал Еурактив, неколку земји членки го поддржале кандидатскиот статус за БиХ, а противници се Франција, Холандија и донекаде Германија, но Хаг, како што се наведува, денеска нема да се спротивстави на одлуката. БиХ аплицираше за членство во ЕУ во 2016 година, а во октомври Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ, но со листа од осум услови кои земјата мора да ги исполни во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.