Девет бебиња кои го собороија Гинисовиот рекорд се вратија дома
Пет девојчиња и четири момчиња се родени со царски рез во 30-та недела, а лекарите во Мали првично мислеле дека се седум бебиња. При раѓањето, бебињата тежеле од половина до еден килограм.
Пред породувањето во мај минатата година, мајката Халима Сисе, која сега има 27 години, беше префрлена во Мароко на специјализирана нега. Пред да се вратат во Мали, им беше укажна медицинска помош во Казабланка.
Првите месеци бебињата ги поминаа во болница поради ризици да добијат здравствени проблеми од предвремено породување. Потоа биле преместени во стан каде што добивале постојана нега.
Според Гинисовата книга на рекорди, петорките се исклучително ретки, а досега не е забележан ниту еден случај сите девет бебиња да преживеат повеќе од неколку часа.