Паликарски: само со закони не се разбиваат корупциските шеми
Во изминативе 18 месеци земјите од Западен Балкан работат на спроведување на мерки од регионалниот патоказ за борба против корупцијата и следење на нелегалните финансиски трансакции. Претставникот од Агенцијата на ОН за борба против криминалот и дрога Константин Паликарски во разговор за РСЕ како најпроблематични ги детектира јавните набавки, конфликтот на интереси и конфискацијата на имот.