Анкара: шведското блокирање на екстрадицијата на турски државјанин е „многу негативно“
Блокирањето од страна на шведскиот Врховен суд на екстрадицијата на турскиот државјанин Булент Кенес, е „многу негативен“ развој на настаните, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. До ова доаѓа во период кога Стокхолм бара одобрение од Анкара за членство на Шведска во НАТО.
Шведска екстрадира во Турција осуден член на ПКК
Во минатиот месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го издвои Кенес како личност која Анкара сака да биде екстрадиран од Шведска како услов за одобрување на Анкара за влез на Стокхолм во НАТО. Кенес е новинар за кој Анкара вели дека е член на организацијата што ја обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година.