Собраниската расправа за предлог-буџетот продолжува утре
Во Собранието доцна попладнево беше прекината расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, за кој втор ден по ред дебатираат пратениците. Нејзиното продолжение е закажано за утре во 12 часот.
Предлог-буџет за 2023 година се најде пред пратениците откако Владата го усвои текстот по прифатените амандмани во матичната собраниска Комисија.
За власта, тој е развоен, реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економска стабилност. Опозицијата, пак, смета дека предложениот буџет е нереален, инфлаторен, расипнички и ризичен, преполн со приливи од донации и заеми и оти со него се прави масовна кражба на народни пари.
Ковачевски - Платите ќе се усогласуваат со минималната
Вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година.
Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.