Сончево и потопло време
Времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето преку денот ќе биде претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.