Сириски Курди протестираа против нападот во Париз
Стотици сириски Курди денеска одржаа протести во северна Сирија како одговор на смртоносниот напад чија цел беа припадниците на етничката заедница во Париз.
Вооружен маж отвори оган во курдски културен центар и фризерски салон во Париз на 23 декември, при што уби тројца Курди.
„Осомничениот вооружен напаѓач, 69-годишен Французин, кој е уапсен призна дека има патолошка омраза кон странците“, соопшти обвинителството.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече убиствата „одвратен напад“ против Курдите и му нареди на началникот на париската полиција да се сретне со водачите на курдската заедница. Улични протести се одржаа и во Франција.