Постигнат договор денеска да почне отстранувањето на барикадите на северот на Косово
Вучиќ бара Србите да се повлечат од барикадите, Курти незадоволен од домашниот притвор за Пантиќ
Тој рече дека „имал разговор со претставниците на Србите што не бил лесен“, но дека пресудно е тоа што добиле гаранции од САД и ЕУ, односно „документи што значат во формално правна смисла“. „Мораме да им веруваме на овие луѓе (САД и ЕУ) дека ќе го почитуваат она што го кажале. Ако тоа не се случи, вашата земја ќе биде со вас, а јас лично со вас. Ако почнат да апсат Срби поради барикадите, ќе имате после тоа поддршка“, рече Вучиќ.