Скромна Нова Година - ниту пари, ниту големо расположение за празниците
По ковид пандемијата сега инфлацијата го расипа расположението за новогодишните празници. Се резервира во рестораните, но не е како порано, домашните хотели ќе останат полупразни, а поради економската криза голем дел од граѓаните за новогодишните празници ќе останат дома.