Облачно време со повремени врнежи на снег
Денеска се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засили. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот утринава има на Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Желе
Од УХМР известуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, а на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.
Во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.