Повторно дојави за бомби во школи
Дојави за бомби на 27 февруари биле испратени до 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп.
Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.
Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата, но и во други институции, приватни станбени згради, трговски центри, музеи...