Разрешувањето на заменици министри на собраниска седница
Пратениците во Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжат 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.
Расправата почна доцна синоќа со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, а за збор се пријавени 40 пратеници.
Ковачевски од Собранието побара конструктивна дискусија и повтори дека владината реконструкција не е партиски мотивирана, туку е за европска иднина на државата.
Седницата за реконструкција на Владата за започна на 13 февруари и досега се разрешени и назначени министри за правда, здравство, информатичко општество и администрација, како и за животна средина и просторно планирање.
Реконструкцијата на Владата уследи откако на владиното мнозинство им се приклучи Алијансата за Албанците, а потоа партијата Алтернатива ја напушти Владата.