Партиски фракции - тројански коњ или отскочна даска за нова партија?
Партиските статути на најголемите партии во државата не дозволуваат постоење на фракции. Но и покрај тоа, обиди за такво дејствување имало и во минатото. Почнувале како фракции, но најчесто завршувале или како нови политички субјекти или надвор од матичната партија. Аналитичарите велат дека македонските и албанските партии не се доволно зрели за ваков вид на демократско дејствување