Партиски фракции - тројански коњ или отскочна даска за нова партија?
![Партиски фракции - тројански коњ или отскочна даска за нова партија?](https://gdb.rferl.org/01000000-0a00-0242-1787-08db293c7342_w800_h450.jpg)
Партиските статути на најголемите партии во државата не дозволуваат постоење на фракции. Но и покрај тоа, обиди за такво дејствување имало и во минатото. Почнувале како фракции, но најчесто завршувале или како нови политички субјекти или надвор од матичната партија. Аналитичарите велат дека македонските и албанските партии не се доволно зрели за ваков вид на демократско дејствување