Петмина убиени во пукање во Кентаки, напаѓачот неутрализиран
Пет луѓе се убиени, а шест ранети во масовно пукање во американскиот град Луисвил, Кентаки, потврди полицијата и извести дека напаѓачот е неутрализиран.
Веќе нема „активна закана од агресија“, објави на Твитер полицијата на Луисвил.
Пукањето се случило во близина на бејзбол стадионот Слагер Филд во центарот на Луисвил.
Од граѓаните беше побарано да се држат подалеку од источната главна област на градот.
Гувернерот на Луисвил, Енди Бешеар ги повика луѓето „да се молат за сите погодени семејства и за градот Луисвил“.