Израелците повторно на протест против судските реформи
Израелците синоќа повторно излегоа на улиците низ Тел Авив на протести поради судските реформи за кои велат дека се напад на демократијата. Протестите продолжија шеснаесетта недела по ред и покрај тоа што премиерот Бенјамин Нетанјаху најави „пауза“ на 27 март за да се овозможат разговори за реформите кои минуваат низ парламентарни процедури и кои ја поделија нацијата.
Саботните демонстрации доаѓаат пред уште еден масовен протест, најавен за денеска, кој треба да се совпадне со говорот на Нетанјаху на генералното собрание на Еврејските федерации на Северна Америка.
Реформските предлози на владата ќе го ограничат овластувањето на Врховниот суд и ќе им дадат на политичарите поголема моќ при изборот на судии. Администрацијата на Нетанјаху вели дека се потребни промени за да се врати рамнотежата на моќта меѓу законодавниот дом и судството.
Противниците на реформата планираат уште еден протест во Тел Авив во вторник, пред Денот на независноста во среда, а приврзаниците на реформата се очекува да се соберат во четврток.