Рудари загинале при пожар во рудник во Перу
При пожар во рудник за злато во Перу загинаа голем број на рудари. Полицијата работи на извлекувањата на телата и засега не споделува официјален податок колку загинале. Според локалната власт до сега се извлечени најмалку 27 тема на рудари кои загинале во пожарот.
Сепак, додаваат дека бројот на жртвите не е конечен „бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот“.
Локалната власт вели дека дека наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација. Со овој рудник за злато во Перу стопанисува мала компанија.
Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата. Секоја година се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници