Иран назначи амбасадор во Саудиска Арабија
Иран назначи амбасадор во Саудиска Арабија, објавија државните медиуми, што означи затоплување на односите по повеќе од седум години откако регионалните ривали ги прекинаа врските.
Новиот амбасадор, Алиреза Енајати, претходно беше амбасадор на Иран во Кувајт, помошник-министер за надворешни работи и главен директор за прашања на Персискиот залив во Министерството за надворешни работи, пишува Iran Daily.
Министерството за надворешни работи на Исламската Република Иран се уште не го потврдило неговото именување, јавува Франс 24.
Саудиска Арабија ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако нејзината амбасада во Техеран беше нападната за време на спорот меѓу двете земји околу егзекуцијата на шиитски имам од страна на Ријад.