Вонредни парламентарни избори во Шпанија
Шпанските граѓани денска почнаа да излегуваат на гласање на општите избори на кои владејачките социјалисти на премиерот Педро Санчез може да ја загубат власта и екстремно десничарската партија да биде дел од новата влада, за првпат по 50 години.
Конечниот резултат се проценува дека ќе биде одлучен со помалку од еден милион гласови и помалку од десет места во 350-члениот парламент, според експертите.
Санчез распиша предвремени избори, откако левицата беше поразена на локалните избори во мај.
Анкетите покажуваат дека изборите најверојатно ќе донесат победа на централно-десничарската Народна партија на Алберто Нуњез Фејо, но за да формира влада ќе мора да се здружи со екстремно десничарскиот Вокс на Сантијаго Абаскало.
Тоа би било првпат екстремно десничарска партија да влезе во владата по крајот на диктатурата на Франциско Франко во 1970-тите.
Многу гласачи се бесни поради тоа што се повикани да гласаат во екот на жестоко лето кога се на одмор.
Поштенската служба во саботата објави дека гласачките ливчиња по пошта поставиле рекорд од 2,47 милиони, колку што многу луѓе избрале да гласаат од одмор.
Резултатите од истражувањето на Ипсос покажуваат дека економијата предизвикува најголем интерес кај гласачите и дека 31 отсто од нив ја ставиле на врвот на својата листа. Потоа следат невработеноста и здравствената заштита, а на последно место меѓу приоритетите е имиграцијата.
Погледите на Европа се насочени кон Шпанија, каде што широко очекуваната победа на десницата на изборите може дополнително да ја зајакне доминацијата на конзервативните партии во ЕУ.