Невремето ги зафати североисточните делови на земјата
Во североисточните делови од земјава попладнево е нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница. Доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина. Како што најавуваат од УХМР, во северните, централните и источните делови и во наредните часови ќе биде нестабилно со услови за локална појава на невреме со силен ветер... Читать дальше...