Османи - Претседавањето на Малта со ОБСЕ не е победа на Русија
Лавров не доаѓа во Северна Македонија, туку на Министерскиот совет на ОБСЕ, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за РСЕ пред министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Тоа што Малта ќе биде идниот претседавач со ОБСЕ, според него не е победа на Русија, туку победа на дипломатијата и на ОБСЕ.