Трошиме исто, а плаќаме повеќе, ЕВН брои жалби од граѓани
![Трошиме исто, а плаќаме повеќе, ЕВН брои жалби од граѓани](https://gdb.rferl.org/00d30000-0aff-0242-3c7b-08dabe5a16c9_w800_h450.jpg)
Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки.