Ќе го вратат ли војните задолжителниот воен рок?
Во анкета на РСЕ на социјалните мрежи голем број граѓани поддржуваат враќање на задолжителниот воен рок. Експертската јавност е поделена: дел од нив сметаат дека треба да се отвори сериозна дебата заради состојбите на меѓународен план, а за други е непотребно и ќе биде оптоварување на буџетот.