Кандидатките се жигосуваат зашто се жени
![Кандидатките се жигосуваат зашто се жени](https://gdb.rferl.org/01000000-c0a8-0242-f4eb-08dc3c603ad7_w800_h450.jpg)
Сите три жени претендентки за претседател на државата се цел на навреди и говор на омраза уште додека собираат потписи за својата кандидатура. Тие не се изненадени и велат дека успеваат да се носат со коментарите. Говорот на омраза насочен кон жените во политиката се користи како инструмент за нивно „замолчување“, смета истражувачката за родови прашања Бојана Јовановска.