Ескобар за РСЕ – Курти го одби предлогот за динарите
Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово. Ескобар престојуваше во официјална посета на Косово.