Скапа опрема за пожарникари фаќа прашина во магацини
Дирекцијата за заштита и спасување набавила опрема со термални камери и изолациски дишни апарати за 14 територијални противпожарни бригади, но, тие се вон употреба. И по речиси една година од првиот склучен договор, набавената опрема не се испорачува до бригадите. Директорот на ДЗС Беким Максути вели дека ќе се распредели најверојатно по изборите.