Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите
Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот Тошковски. Со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.