Над 800 кандидати за 120 места во парламентот
На парламентарните избори, според досега објавеното, граѓаните ќе може да избираат меѓу најмалку седум кандидатски листи во секоја од шесте изборни единици. Тие се предложени од пет коалиции, како и две партии кои самостојно ќе настапат на изборите. Кампањата официјално ќе почне на 18 април, но партиите секојдневно излегуваат со ветувања за влез во ЕУ, раст на платите, борба со корупцијата…