Русија и Иран разгледуваат испорака на оружје за 10 милијарди долари
Шефот на комитетот на Советот на Федерацијата на РФ за одбрана и безбедност Виктор Озеров изјави дека Иран е заинтересиран за испорака на руско оружје и техника, вклучувајќи ги и тенкови Т-90, артилериски системи, авиони и хеликоптери.
Какво оружје продава Русија во Азија
„Преговорите се во тек, договорена е основата за преговорите, станува збор за зделка вредна околу 10 милијарди долари, изјави рускиот сенатор Озеров кој се наоѓа во Иран во состав на делегацијата на Советот на Федерацијата, пренесува „Комерсант“.
Озеров додаде дека до 2020 година овие испораки можат да бидат реализирани само со согласност на Советот за безбедност на ООН. „Јасно е дека САД и нивните сојузници ќе ги блокираат овие испораки, но ние ќе ги продолжиме преговорите“, изјави сенаторот.
Претходно беше објавено дека во Иран би можела да почне монтажата на лесниот руски хеликоптер Ансат. Досега Русија и Иран немале заеднички потфати во сферата на производство на хеликоптери. Потребите на локалниот пазар се проценуваат на околу 60 летала од овој тип.