Дешифрирани последните зборови на пилотите на Ту-154
Авијациските експерти ја проучија состојбата на црната кутија на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на РФ, а исто така успеаја без проблем да ја дешифрираат зачуваната снимка. Ова за „Лајф“ го изјави извор близок до истрагата. Според него, лентата која ги снимала разговорите меѓу екипажот и разговорите во пилотската кабина, не била оштетена.
Извадена една од црните кутии на Ту-154
„Разговорот престанува кога едниот од пилотите извикува: „Клапите, да ти се плукнам!“ А потоа се слуша крик: „Командиру, паѓаме!“, раскажа изворот.
Извор во оперативниот штаб на местото на несреќата ја потврди оваа верзија. „Според првичните податоци, на авионот нерамномерно се активирале клапите, поради нивното некревање силата на подигање била загубена, брзината не била доволна за да се постигне висина и авионот паднал“, изјави тој, пренесува „Лента.ру“.