„Гаспром“ на 1 јануари со рекордна испорака на гас преку „Северен тек“
Руската компанија за гас „Гаспром“ испорача на 1 јануари преку „Северен тек“ рекорден обем од 160,75 милиони кубни метри гас, се вели во соопштението на „Гаспром“ што го пренесува „Лента.ру“.
Новак: Транзитот преку „Северен тек“ е 1,5 пати поевтин од украинската рута
„На први јануари 2017 година „Гаспром“ испорача преку „Северен тек“ рекорден обем на гас – 160,750 милиони кубни метри дневно. Во годишна пресметка тоа е повеќе од проектираниот обем на гасоводот“, се вели соопштението.
„Сегашното ниво на оптоварување на „Северен тек“ покажува дека северниот коридор за испорака на руски гас е крајно побаруван на европскиот пазар. И уште еднаш се потврдува важноста и актуелноста на изградбата на „Северен тек 2“, ги цитира компанијата зборовите на претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер .