Хеликоптерот Ми-28УБ „Ноќен ловец“ успешно ги помина државните испитувања
Хеликоптерите најпрво ќе бидат испорачани на 344 Центар за дообука на летечкиот состав во Торжок, пренесува „Взгљад“.
Ноќниот ловец
Во октомври беше објавено видео од првиот лет на модернизираниот Ми-28Н при чија изградба, исто како во Ми-28УБ, е инсталиран втор систем за управување. Најновиот Ми-28Н ќе почне сериски да се испорачува на руската војска не подоцна од 2018 година.
Ми-28УБ е школско-борбен хеликоптер. Може да се применува за обука во пилотирање со најновиот Ми-28Н, но притоа ги задржува и сите функции на јуришен хеликоптер.