Tрамп: Ситуацијата со Русија околу сајбер-нападите е „лов на вештерки“
Трамп смета дека вревата околу наводните руски сајбер-напади во текот на претседателските избори во САД е политички мотивирана.
Штабот на Трамп: нема убедливи докази за руско влијание врз изборите во САД
„Тие (администрацијата на претседателот на САД Барак Обама) претрпеа катастрофален пораз на изборите. Јас победив во повеќе окрузи отколку Роналд Реган во негово време. Ним им е многу срам поради тоа. Во определена мера она што се случува е лов на вештерки. Тие едноставно се фокусираа на тоа“, изјави Трамп во интервју „Њујорк Тајмс“ одговарајќи на прашањето зошто толку внимание им се посветува на хакерските напади кои ѝ се припишуваат на Русија.
Претходно Доналд Трамп изрази сомнеж во основаноста на обвинувањата против Русија за сајбер-нападите, пренесува РТ на руски.