Медиум: World Press Photo 2017 го прикажа терористот како победник
Титулата фотографија на годината во светскиот печат се доделува на фотоснимки кои им даваат почеток на големите и малите пресвртници на историјата. Овој пат наградата ја доби турскиот фотограф Бурхан Озбилиџи за сликата на која е забележан моментот по убиството на рускиот амбасадор во декември во Анкара. Според жирито, таа фотографија полна со тензија ја искажува целата омраза на нашето време. Одлуката, сепак, беше критикувана.
„Наградата за фотографијата од убиството на Карлов има „морална црвоточина“
Еден од критичарите е и фотографот Кристоф Бангерт, кој има работено во жариштата ширум светот.
„Си имаме работа со снимка која, во суштина, го изложува убиецот или терористот како триумфатор. Него го претставија на начин на кој, веројатно, тој самиот се гледа во момент на одмазда. На мој поглед, токму во тоа е и проблемот“, изјави Бангерт.
Својата одлука жирито ја објасни со тоа што најдобрата фотографија на годината ја олицетворува целата омраза на нашето време и фактот дека светот се приближува до работ на амбисот, пренесува RT.