Мила Јовович: Би останала во Русија заради пељмените
Холивудската ѕвезда Мила Јовович пристигна во Москва со својот сопруг, режисерот Пол Андерсон, по повод почетокот на прикажувањето на нејзиниот филм „Притаено зло: Последно поглавје“ во руските кина, во кој една од главните улоги игра и нивната деветгодишна ќерка Евер, пренесува „Комсомолскаја Правда“.
5 руски филмови кои го освоија светот
Мила Јовович на конференцијата за новинарите одржана во хотелот „Риц Карлтон“, на чиј снежен покрив на руската зима направи серија фотографии, „на мешан руски и англиски, повремено бескрајно смешен“, помеѓу другото изјави дека би била подготвена да остане во Русија, но дека за тоа се потребни неколку услови.
„Пељмените, секако. Не е лесно да се најдат добри пељмени. Знаете, би сакала да дојдам овде на неколку месеци и подобро да ја запознам Русија. Обично доаѓам во Москва на неколку денови, сработувам и си одам. А би било феноменално да дојдам на неколку месеци со ќерките, и да видам уште нешто, освен Москва. И другите градови, на пример, Санкт Петербург“, изјави филмската ѕвезда.