НАТО генерал: Сајбер-напад може да се смета за чин на агресија
Според Бредшо, „руските“ сајбер-напади можат да се протолкуваат според членот 5 од договорот на НАТО за колективна безбедност, кој предвидува дека напад врз една од членките на Алијансата е напад врз целиот НАТО-пакт.
Каква закана носат за Русија новите договори на членките на НАТО?
Одговарајќи на прашањето на весникот дали членот 5 се однесува на дезинформација и мешање во избори, Бредшо одговори: „Тоа е политичка одлука, но не е исклучено дека агресијата, отворената агресија, не само во воената сфера, може да се толкува според членот 5“.
Според Бредшо, Северноатлантската алијанса не може да се бори само против воени амбиции. Организацијата треба потесно да соработува со ЕУ во сферата на дипломатијата, политиката, економијата и информациите. Во спротивно се зголемува ризикот од воен судир.
„Тоа не е само прашање на воено одвраќање. Нам ни е потребно и хибридно одвраќање“, изјави генералот, нагласувајќи дека треба да се заштити важниот имот на Алијансата „од агресија во секоја сфера“, пренесува „Лента.ру“.