Захарова: Јанукович бараше од Путин да ја испрати војската во Украина
„Тоа не е писмо. Тоа е изјава на Јанукович. Тој никогаш не демантираше дека го потпишал тоа“, изајви Захарова гостувајќи на радиото „Зборува Москва“.
Се работи за документ кој постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин го цитираше во ООН.
Јанукович негира дека има вина за крвопролевањата на Мајдан
„Чуркин беше овластен да го цитира текстот на изјавата во Советот за безбедност на ОН, и тоа го стори. Таа изјава потоа беше поделена како документ во СБ, обично се прави така“, рече Захарова.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не добил официјално писмо од поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович со барање да ја испрати војската во Украина во март 2014 година.
Во февруари оваа година Јанукович изјави дека не се обратил до Русија со барање да испрати војска и дека не му пратил писмо на Путин. „Тоа не е писмо, тоа е изјава, како прво. Како второ, постојат закони. Јас не си го предадов народот, јас се обидов да го заштитам и постапував во рамките на своите овластувања“, изјави Јанукович.