Шестмина припадници на „Росгвардија“ убиени во Чеченија
Шестмина припадници на „Росгвардија“ загинаа во Чеченија, одбивајќи напад на група милитанти, соопшти за „Интерфакс“ прес-службата на Националната гарда.
„При обид да навлезат на територијата на касарна, бандата беше откриена од стражарската служба која стапи во борба со неа. Беа убиени шестмина напаѓачи. Во текот на борбениот судир загинаа шестмина војници, има и ранети“, изјавија од „Росгвардија“.
Руската гарда нарача нов автомат за водење борба во градски услови
Според информациите на службата, во петокот околу 02:30 часот ноќта група вооружени милитанти се обидела да навлезе на територијата на една од касарните на Националната гарда.
„Во текот на нападот милитантите ја искористиле силната магла. Како резултат на одлучни дејствија на војниците спречено е навлегување на бандата во касарната“, потенцираат од „Росгвардија“.
„Росгвардија“ е активно вклучена во контратерористичките операции на Северен Кавказ.