Песков: Односите меѓу Русија и САД полоши отколку во Студената војна
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека односите меѓу Русија и САД во моментов се во полоша состојба отколку за време на Студената војна.
Заменик на Лавров: САД се обидуваат да организираат економска блокада на РФ
Ова тој го изјави во интервјуто за емисијата „Добро утро, Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си.
„Нова студена војна? Можеби, дури и полошо. Можеби дури и полошо, имајќи ги предвид потезите на претходната американска администрација“, одговори портпаролот на рускиот претседател на прашањето на водителот на телевизијата Еј-Би-Си дали Русија и САД се наоѓаат во состојба на студена војна.
На крајот на февруари МНР на РФ соопшти дека односите меѓу Москва и Вашингтон се наоѓаат на најниско ниво по завршувањето на Студената војна, пренесува RT.