Новата епизода од „Маша и мечокот“ посветена на Велигден
Во епизодата „Изненадување! Изненадување!“ волците крадат од живинарска фарма еден петел со надеж дека тој ќе им снесе јајца, а Маша и зајакот според руската традиција вапсаат јајца за да им подарат на пријателите.
Епизодата беше објавена на 7 април, досега има над 12 милиони прегледи.
Претходно, на 15 март, друга епизода од серијата - „Маша плус каша“ – го зазеде петтото место по популарност во целата историја на YouTube со 2 милијарди прегледи.