Средба во Белата куќа: за што се договорија Трамп и Лавров?
Меѓу главните теми беа ситуацијата во Сирија, билатералните односи и заедничката борба против тероризмот.
Средбата траеше малку повеќе од еден час зад затворени врати. Министерот беше придружуван од рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак.
Меѓународни конфликти
Земјите разговараа и за тензиите во Сирија и зоните за деескалација кои беа договорени на самитот во Астана од 3-4 мај. Лавров и Трамп се категорични дека во однос на сирискиот конфликт тие имаат заедничка цел - борбата против тероризмот, и двете страни се подготвени да соработуваат во неа. Страните ќе работат заедно на прекин на насилството, решавање на хуманитарниот проблем и создавање на услови за политичко решавање на конфликтите.
Белата куќа: Трамп нема врска со Русија
Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Русија и САД се подготвени да ги продолжат дискусиите за Украина и Авганистан. „Ние разговаравме за проблемите кои стојат пред меѓународната заедница. Разговаравме за палестинско-израелското прашање, за ситуацијата во Авганистан, како и за Минскиот договори за Украина“, изјави Лавров.
Билатерални односи
Новинарите не пропуштија да го прашаат Лавров за евентуалното мешање на Кремљ во претседателските избори на САД, но рускиот министер за надворешни работи потсети на позицијата на Москва и Трамп, дека обвинувањата се неосновани, но и навредливи за американската страна.
„Претседателот Трамп во повеќе наврати јавно изјави што мисли за тврдењата за нашето мешање во вашите внатрешни работи ... Ние го знаеме ставот на претседателот Трамп, ја знаеме и позицијата на оние кои се обидуваат да го докажат спротивното. Проблемот е што ниту еден факт, ниту еден доказ не е претставен од никого. Тоа само по себе кажува сè“, истакна Лавров. Лавров неколку пати ги посоветува новинарите да се работи со факти, а не со претпоставки.
МНР на РФ ги објави условите за нормализација на односите со САД
За разрешување на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, рускиот министер истакна дека тоа е внатрешна работа на САД.
Лавров додаде исто така, дека за време на разговорите со Трамп и Тилерсон не е било покренато прашањето за санкциите против Русија. Тој рече дека тоа не е тема на разговор, бидејќи наметнувањето на санкции е еднострано дејство.
Лавров е во САД во рамките на планираната тридневна работна посета. Пред средбата со Трамп, тој имаше разговори со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на кои земјите разговараа за ситуацијата во Сирија и Украина, како и за билатералните односи. Државниот секретар истакна дека по неговата посета на Русија дијалогот меѓу страните продолжува.