Британските медиуми го обвинија Кремљ за голем хакерски напад
Сајбер-нападот, според нив, е најверојатно одмазда за американските воздушни напади во Сирија, пренесе РИА Новости во саботата (13 мај). „Мистериозната организација наречена Shadow Brokers, изјави во април дека украла 'сајбер-оружје' од американската шпионска агенција, што им обезбедува невиден пристап до сите компјутери кои користат Microsoft Windows, најпопуларниот компјутерски оперативен систем во светот“, пишува британското издание. Според податоците на весникот ден по воздушните напади на САД во Сирија на 7 април, Shadow Brokers упатиле на „лош англиски јазик“ предупредување до американскиот претседател Доналд Трамп дека со своите постапки ризикува да ја загуби поддршката која му ја покажаа, а на 14 април извршиле хакерски напад, користејќи ја програмата развиена од Агенцијата за национална безбедност (АНС) на САД.
Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери
Истовремено поранешниот соработник на американската служба Едвард Сноуден изјави дека индиректна одговорност за нанесените напади носи и АНС, чиј шпионски софтвер го користеле хакерите. Според него, ако АНС открие несовршености на софтверот ќе овозможи превенција од сајбер-напади и ќе помогне за откривање на виновниците. Викиликс исто така смета дека АНС се одговорни во создавањето на вирусот употребен во сајбер-нападите. „Лабораторија Касперски“ во петокот забележа околу 45 илјади обиди за напади на компјутери во 74 земји во светот, меѓу кои Велика Британија, Италија, Турција, Германија, Шпанија, Бразил, Казахстан, Украина, Кина, Јапонија и други, а најбројни се обидите забележани на територијата на Русија.