Во Русија создадоа виртуелно бојно поле за роботи и беспилотни летала
За потребите на руските Вооружени сили (ВС) е создадено единствено виртуелно бојно поле преку кое можат да се спроведуваат тестирања на роботи и беспилотни летала. Ова го соопшти генералниот директор на компанијата „Кронщадт“ Армен Исаакјан, пренесува Взгљад.
Според него бојното поле вклучува симулатор „комбо“, средства за интеграција на симулатори и виртуелни модели на секакви објекти.
Исаакјан раскажа дека сајбер бојното поле вклучува реалистични слики на локации и овозможува да се моделираат борбени дејствија со жива сила и секаква техника, вклучувајќи хеликоптери, тенкови и оклопни транспортери.
Виртуелниот полигон овозможува да се откријат сите можни недостатоци на роботите и на беспилотниците уште во фазата на проектирање или создавање на примероци.
Во руската армија дејствуваат околу 2.000 беспилотни системи
Исаакјан додаде дека „Кронщадт“ работи на создавањето на вештачка интелигенција за беспилотни летала со воена и цивилна намена.
Претходно во понеделникот заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија Михаил Попов најави дека во руската армија се создадени 36 делови и единици на беспилотни летала, кои поседуваат околу 2.000 современи беспилотни апарати.