Путин и Макрон го имаа првиот телефонски разговор
Како што соопшти прес-службата на Кремљ, лидерите на двете страни се договорија заеднички да работат на актуелните меѓународни прашања и изразиле подготвеност да ги развиваат пријателските односи.
„Изразена е заемна подготвеност да се развиваат традиционално пријателските руско-француски односи во политичката, трговско-економскта, културно-хуманитарната и другите сфери“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Les Echos: Мостовите помеѓу Макрон и Москва не се урнати
Шефовите на двете држави особено ја истакна неопходноста од заедничка борба против тероризмот.
Путин и Макрон ја потенцираа важноста на понатамошната соработка за решавање на украинската криза во рамките на „Нормандискиот формат“ врз основа на „Минската спогодба“.
Страните исто така дискутираа за можноста од претстојни лични контакти.