Американец сакал да ѝ продаде на Русија тајни податоци
Според информациите на органите, Џастис, кој работел според договор со Пентагон, украл „тајна информација од сателити“ за да му ја продаде на човек кого го сметал за „руски разузнавач“. Всушност, под маската на тој „разузнавач“ се криел агент на ФБИ, пренесува „Взгљад“.
Најубавата руска шпионка
Американецот барал за снимките „илјадници долари во кеш“ и дури и му предлагал на „разузнавачот“ да го посети тајното претпријатие каде се произведувале вселенски апарати за воена намена.
Во меѓувреме американските медиуми соопштија дека загадочни руски сателити ги изненадиле стручњаците кога после долг период на неактивност почнале да демонстрираат ретки за толку мали вселенски апарати способности за маневрирање.