Полска ја смета Русија за главен веројатен противник
Документот предвидува реалност на вооружен конфликт меѓу Москва и НАТО.
Авторите тврдат дека „Руската Федерација останува главен извор на нестабилност во непосредна близина на источното крило на НАТО, влијаејќи на земјите од поранешниот СССР – Украина, Белорусија, Молдавија и земјите на Кавказот“.
Каква закана носат за Русија новите договори на членките на НАТО?
Во основните предизвици и закани, според нив, спаѓаат „агресивната политика на Русија, која се стреми да ги зајакне своите позиции со кршење на меѓународното право, примена на сила и принуда во односите со другите држави, обидите за дестабилизација на западните структури како што се НАТО и ЕУ, и ослабување на трансатлантските врски“.
„Особена загриженост предизвикуваат случаите на користење на вооружените сили од страна на Русија за постигнување на своите цели“, се вели во концептот, пренесува РИА „Новости“.