Путин за мешањето на Западот: На глава ни се качија
Мешањето на западните земји во руската внатрешна политика има системски карактер и се случува дури и на ниво на надворешнополитичките ресори, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
Путин: никакви хакери не можат да влијаат на резултати од избори
„Треба да видете што прават вашите колеги кај нас: се вовлекле во нашата внатрешна политика, ни се качиле на глава, ги пуштиле нозете и повторуваат едно те исто. Завршувајте“, изјави Путин.
Истовремено неоснованите напади врз Русија наводно поради обид да се влијае на изборите во САД тој ги нарече хистерија и препорача да се земат „таблетки“ против тоа растројство, пренесува „Взгљад“.