Заев-Јилдирим: зголемување на трговската раземна на една милијарда евра
Побараме Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БИХ и Република Србија, изјави на денешната прес- конференција премиерот Зоран Заев по средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тие ги потврдија залобите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската раземна на една милијарда евра.
Заев изрази благодарност на поканата на Јилдирим за официјалната посета и оцени дека тоа е можност двете земји да го потврдат пријателството и да ја зајакнат соработката.
„Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече Заев.
Јилдирим рече дека расте интересот на инвеститорите од Турција за инвестирање во Македонија, додавајќи дека Турција ја поддржува Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.