Унгарија се уште не одговорила на барањето за екстрадиција на Груевски
![Унгарија се уште не одговорила на барањето за екстрадиција на Груевски](https://gdb.rferl.org/83801148-97FB-41CB-BCC5-E0AA6179CB49_w800_h450.jpg)
Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека нејзиното Министерство се уште не добило никаков одговор од надлежното министерство во Унгарија за екстрадицијата на Никола Груевски, и додаде дека рокот за одговор се уште не е поминат.
„Ќе почекаме, доколку не добиеме одговор во предвидениот рок тогаш ќе пуштаме ургенција, тоа се страндардни процедури. Сакам да напоменам дека досега Унгарија не одбила да екстрадира ниту едно лице. Последната екстрадиција ја имавме сега во месец септември и немавме никаква забелшка ниту за состојбата во затворите, ниту за водењето на судски постапки, ниту пак дека постои некаков ризик во Република Македонија“, изјави министерката за правда на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.