Македонскиот премиер се огради од информациите за разговори за пакт против Србија
![Македонскиот премиер се огради од информациите за разговори за пакт против Србија](https://gdb.rferl.org/C1758DCA-281F-4ACF-BBB3-1FAC069626B8_w800_h450.jpg)
На прашањето кое го отвори косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, дека во Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора се разговарало за пакт против Србија, одговори дека тој се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.
„Сакам да се оградам од било какваи разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог“, изјави Заев.
И пратеникот Иван Стоиљковиќ му го постави истото прашање на премиерот Заев, по изјавата на Хоџај.
„Ние како Влада важиме во регионот, во Европа и во светот како градители на добро соседтски односи. Никој од нас не побарал вакво нешто ниту пак било разговарано за ова прашање“, изјави Заев.